Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати јавна осуда поради оштетувањето на споменикот поставен во спомен на бугарските туристи кои ги загубија своите животи во потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро.

– Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам јавна осуда до несовесните граѓани кои во текот на претходните денови извршиле оштетување на споменикот „Солза на Роза“, кој беше поставен годинава по повод одбележувањето на единаесет годишнината од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи – се наведува во објавата на градоначалникот  

Тој воедно апелира до граѓаните да се воздржат од вандалско однесување и да покажат повисока свест за чување на јавните површини, споменици и објекти.Бродот „Илинден“ потона на 200 метри од брегот, на 5 септември во 2009 година. На бродот имаше над 50 лица од Бугарија, кои патувале кон манастирот „Свети Наум“.