Реновираниот Дневен центар за деца со аутизам во Топанско Поле, во кој се обезбедува психосоцијален третман и поддршка за децата и советодавна работа со нивните родители.

Дневниот центар ќе го посетуваат 90 деца и тие ќе добиваат индивидуализирани услуги од специјални едукатори, логопеди и социјални работници, а истиот ќе функционира во две смени од 8:30 до 19 часот.

На отворањето на центарот присуствуваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Реновирањето, како што соопштија од МТСП, е резултат на заедничка соработка помеѓу Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје, Здружението на граѓани „Имаго Плус“ и ЈУ “Завод за рехабилитација на деца и младинци“ – Скопје, а КБ Прво пензиско друштво и Дигит Експрес ММ ДООЕЛ обезбедија дидактички материјали и играчки за децата кои ќе го посетуваат центарот.

Соработката меѓу граѓанскиот сектор и јавните установи во државата во обезбедување на услуги од социјалната заштита се зајакнува. Во иднина ваквиот тип на соработка уште повеќе ќе се поттикнува во насока на овозможување на подобри услуги за граѓаните, како и промовирање на социјалните договори и плурализација на дејноста.