Забраната за организирање на било какви прослави во угостителски објекти останува на сила, одлучи Владата попладнево на седница.

– На денешната седница Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работата на угостителските објекти, односно да остане забраната за организирање свечености со музика, свадби, матурски, крштевки и слично, со цел спречување на ширење на вирусот – соопшти Владата.

Угостителите и музичарите побараа надлежните да направат промена на протоколот со кој се забранува организирање музички настани во внатрешните и надворешните делови на објектите.