Основната јавна обвинителка, Вилма Русковска, вчера беше домаќин на претставници на Делегацијата на Европската Унија во земјата, предводени од амбасадорот Дејвид Гир.

Едночасовната средба беше од протоколарен карактер и се одржа во просториите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Амбасадорот Гир покажа интерес за функционирањето на Обвинителството, неговата кадровска екипираност, како и идните планови во врска со преселувањето во новите простории.

Истакнувајќи го своето задоволство за работењето на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, амбасадорот понуди помош од Европската Унија за уште поефикасно и поефективно работење на ова обвинителство.