Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, ќе одржи формална отворена средба со претставниците на средствата за јавно информирање на кој ќе бидат опфатени темите за: статусот на реализацијата на реформите од Планот 18, нивниот квалитет и динамика; ќе даде резиме на посетите на институциите задолжени за имплементација и спроведување на реформите, особено во оформувањето на т.н. „трак рекорд“, или видливите резултати од спроведувањето на реформите.

Како што соопштија од СЕП, ќе стане збор и за очекувањата од претстојниот Извештај на Европската Комисија за состојбата и напредокот на земјата, а во насока на очекувањата од претстојнииот јунски самит на Европската Унија, очекувањата за претстојните избори, особено во насока на изборниот процес, како и сите останати актуелности.