Како дел од неговата турнеја на регионот, министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Босна и Херцеговина.

Во рамките на посетата, освен со својот домаќин, заменик претседавачот на Советот на министри и министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ, министерот Османи ќе биде примен во претседaтелството на Босна и Херцеговина каде ќе има средба со членот на претседателството, Шефик Џаферовиќ, и ќе се сретне со претседавачите на двата дома на Парламентот на Босна и Херцеговина.

Во фокусот на работната посета на министерот Османи ќе биде развојот на билатералните односи, како и можностите за иницирање на нови форми на соработка од интерес на двете пријателски земји.

Посебен интерес ќе биде посветен на процесот на интеграцијата во Европската унија и европската перспектива на земјите од Западен Балкан, напредокотна тој план и очекувањата на двете земји во наредниот период.

Како земји кои претендираат за засилување на соработката во регионот, осврт ќе биде направен и за актуелните состојби во нашето непосредно и пошироко соседство, значењето од интензивирање на регионалната соработка, како и актуелните регионални и глобални предизвици.