Мисијата на ОБСЕ имаше важна улога во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Тој на денешната средба со амбасадорката на ОБСЕ, Нина Суомалаинен, по повод завршувањето на нејзиниот мандат и нејзиниот заминување додадее дека оддршката на ОБСЕ уште од самите почетоци на демократскиот развој на Македонија претставува нераскинлив дел од изградбата на демократското општество.

– Мисијата на ОБСЕ имаше важна улога во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото – истакна Османи.

За време на разговорот соговорниците разменија податоци за поддршката и помошта која Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја обезбедува за Македонија во насока на исполнување на реформите и во останатите области како што се судството, медиумите, граѓанскиот сектори.