Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Габи Ашкенази.

– Непосреден повод за разговорот е дваесет и петгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Израел. Министрите Османи и Ашкенази се осврнаа на постигнувањата во изминатиот период, при што констатираа висок степен на пријателство меѓу двете земји и нагорен тренд во меѓусебната соработка, во сите области од заемен интерес – соопшти МНР.

Воедно била потенцирана и заложбата за продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на севкупната соработка.

Министрите Османи и Ашкенази размениле мислења и за актуелните состојби на регионален и глобален план.