Изведбата на претставата „Орестија 1/4“ ќе се одржи вечерва во МКЦ со почеток во 20 часот.

Претставата е дел од The Chorus Project – проект поддржан од Креативна Европа (Creative Europe), во копродукција на МКЦ – Скопје, Апстарт театар (Upstart Theater) од Лондон, Патос (Pathos) од Минхен и Театар Ам Ленд (Theater am Land) од Грац.

Во претставата играат: Орест – Стефан Вујисиќ, Електра – Наталија Теодосиева, Хороводецот – Жарко Јовановиќ, Клитајмнестра – Драгана Лошкова, Ајгист – Димитрија Доксевски.

The Chorus Project е проект поддржан од Креативна Европа (Creative Europe), а во копродукција на МКЦ – Скопје, Апстарт театар (Upstart Theater) од Лондон, Патос (Pathos) од Минхен и Театар Ам Ленд (Theater am Land) од Грац.

Основната идеја на The Chorus Project е реобмислување на улогата на Хорот во античката трагедија Орестија од Ајсхил, во однос на денешниот социо-политички и културен контекст и тоа: што значи демократија во 21 век, што значи да се биде граѓанин, што значи Европа и „европската иднина”, како да се поврзат локалното и глобалното, што е индивидуалното наспроти колективното? Накратко, како да се претстави демократијата на сцена?

Иако е познато дека Орестија е трилогија, The Chorus Project, ќе се обиде да го обмисли и загубениот четврт дел, сатирската игра.