Организацијата на Обединетите нации соопшти дека луѓето во сите поголеми градови во регионот на Западен Балкан, вклучително и Скопје, се соочуваат со алармантно високо ниво на загадување на воздухот кое го намалува очекуваниот животен век, затоа што, како што велат „неразвиениот и политички кревок” регион во голема мера се потпира на согорувањето на јагленот за производство на енергија.

Асошиејтед прес наведува дека извештајот на Програмата за заштита на животната средина на ОН, кој денес е објавен се базира врз податоците од 18 градови и е подготвен во координација со Светската здравствена организација и институции за процена на квалитетот на воздухот од Србија, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија.

Во извештајот се вели дека луѓето во регионот се „изложени на една од најголемите концентрации на загадувањето на воздухот во Европа, што е и до пет пати поголема од националните и ЕУ насоките.”

Отсуството на обновливи извори на енергија е идентификувано како главна причина за загадувањето на воздухот на Балканот.