Едукативно-забавен настан насловен како „Олимпијада за читање и математика“ ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје во организација на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ и Проектот на УСАИД.

Активностите се наменети за децата, а олимпијадата е дел од низата настани што се организираат по повод затворањето на петгодишниот проект „Со читање до лидерство“.

Организаторите најавуваат обраќање на американскиот амбасадор Џес Бејли, министерката за образование и наука Рената Дескоска, како и претставници од Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар.