Утре времето во земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови и претежно на истокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната од 18 до до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Од почетокот на следната недела ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи претежно во попладневните часови и повеќе во вториот дел од неделата. Дневните температури ќе бидат без значителна промена. Утринските ќе бидат од неколку степени над нулата и повисоки.