Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието и на повисоко. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степен. УВ=7

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.

Утре уште од претпладне ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието и на повисоките места. Од утре следува и период на претежно сончево време со пораст на дневната температура. По викендот повторно ќе биде нестабилно.