Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од Медитеранот од утре до сабота следува период на топло време со значителен пораст на температурата на воздухот. Претпладне ќе биде сончево, а во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, информира УХМР.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме и ќе има појава на град и засилен ветер. Особено поинтензивни процеси на повеќе места ќе има во сабота.

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните планински предели е можна појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.