Под влијание на значително постудена воздушна маса, од утре до четврток ќе има зголемена облачност, во западните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за околу десет степени во однос на денешната.

Од петок утринските температури на места ќе се спуштат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.