Утре минималните температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во вторник, под влијание на влажен бран, ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите кон крајот на денот ќе преминуваат во снег и на повисоките места во северните делови. Потоа во наредните денови ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.