Утре уште од ноќта долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе биде значително посвежо. Во источните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ=7

Во Скопје претпладне претежно сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 29 степени.

Во петок ќе има појава на изолирана нестабилност проследена со умерен до засилен северен ветер, а потоа следува претежно стабилен период во кој температурата нема многу да се менува.