Под влијание на посвежа воздушна маса утре и во четврток ќе се задржи променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд во западните и јужните делови и со снег на планините. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе услови и намалување на дневната температура за три до четири степени во однос на денешната.

Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.