Од среда се забранува употребата на пластични кеси во нашата земја. Со тоа веќе нема да се произведуваат пластичните кеси, а биоразградливите ќе се наплаќаат по 15 денари.

Со ваквиот потег треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи што ја загадуваат околината.

За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

– Дефинитивно ова е момент за да ги смениме нашите навики и се освестиме за тоа колку отпад создаваме – порачуваат од „Гоу грин“.
Исто така, од 1 декември се забранува користењето на пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во Македонија.