Во Охрид се одржа првиот меѓувладин состанок на Комитетот за управување со сливот на Охридското езеро, согласно договорот меѓу Владата и Советот на министри на Република Албанија, потпишан во 2004 година.

Состанокот го отвори градоначалникот на град Охрид, Костантин Ѓеоѓиевски а поздравни говори имаа и министерот и претседател на Националната комисија за УНЕСКО – Едмонд Адеми и претставниците од Албанија. За време на пленарниот состанок за претседавач на Комитетот беше избран Костантин Ѓеорѓиевски, а за секретар градоначалникот на општина Поградец, Илир Џаколи.

Во продолжение беше усвоен деловникот за работа на Комитетот и се дискутираше за посетата на Реактивната мисија на УНЕСКО во Македонија и Албанија, која треба да се оствари на крајот од овој месец. Воедно, беше одлучено наредниот состанок да се реализира во текот на месец јуни 2020 година.