Техничкиот премиер Оливер Спасовски, придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се сретна со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии.

На средбата е разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги.

– Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време. На средбата е констатирана свесност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.Со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение, има согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали – се наведува во соопштението.