По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на бегалците, 20 јуни, кога целата меѓународната јавност своето внимание го насочува кон состојбите на присилно раселените лица, народниот правобранител се приклучува кон апелот на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации за потребата од поголема инклузивност на оваа категорија лица, особено во областите здравство, образование и спорт.

Институцијата упати препорака до властите за целосно почитување на правата на овие лица и креирање политики што ќе придонесат за целосно интегрирање во заедницата.