Министерството за култура ги објави добитниците на државната награда „11 Октомври“ за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија.

Наградата за животно дело во областа на науката му се доделува на академик Љупчо Коцарев – научен работник, за животно дело во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на актерот Петар Мирчевски и на писателот и ликовен уметник Димитри Дурацоски.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври во 12 часот во Собранието.