Obuki

Во организација на Федерацијата на планинарство, во  хотелот Молика на Пелистер,  во наредните неколку дена  ќе се одржи  обука за планинарски водичи за планинарење по лесни патеки во летни услови.

На обуката која ќе трае до 26 мај, учесници се 25 искусни планинари од планинарски клубови од Македонија и Црна Гора.

Посетителите на обуката ќе се обучуваат за ориентација, прва помош, употреба на ГПС технологија, психологија на водење, планинарска опрема, изработка на засолниште и преноќување, заштита на природата.

Покрај теоретскиот дел тие ќе имаат и многу пракса  со што  кандидатите ќе стекнат дополнително знаење потребно за водење на планина. По обуката кандидатите се здобиваат со звање Планинарски водич во Категорија А1.

Денес, 22 мај, за време на обуката ќе биде присутен и претседателот на Федерацијата на планинарство проф. д-р. Јовица Угриновски.

М.М.