Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе го презентира првиот преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство. 

На презентацијата најавено е присуство на в.д. шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џефри Голдстин и на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. 

Најавено е обраќање и на поранешната судијка во Европскиот суд за човековите права Мирјана Лазарова – Трајковска, која ќе говори за СЈО низ призмата на практиката во европските судови и меѓународните стандарди за правично судење.