Времето во државава утрово е умерено до значително облачно со магла по одделни котлини, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно, а во западните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Максималната температура ќе се движи во интервалот од 0 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје, магливо и тивко. Максималната температура ќе достигне до 3 степени