Променливо облачно, претпладне со подолги сончеви периоди и со магла по одделни котлини Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират и во останатите делови. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 0 до 10 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 5 степени.

Во следните денови ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон среда, особено во источните делови. Поради заладувањето врнежите ќе преминат во снег и на пониските места.