Фото: Маја Јаневска-Илиева

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од снег, а само во некои пониски места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Повеќе врнежи ќе има во ноќните часови.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од еден до осум степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до пет степени.

До вторник ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет. Пообилни врнежи од снег ќе има во вторник и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Само во некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег.