Времето денеска е значително облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 15 степени.

Во Скопје претежно облачно со услови за повремен дожд. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне 14 степени.