Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во ноќните часови врнежите ќе преминат во снег и во некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, кој во западните делови повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.