Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Поинтензивни врнежи ќе има во западна Македонија. Ќе дува засилен југоисточен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина до 70 км/час.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поизразена нестабилност се очекува в сабота.