Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремен дожд, кој особено на југозапад ќе преминува во слаб снег и на повискоите места. На планините врнежите ќе бидат од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Врнежите кон крајот на денот ќе престанат насекаде.

Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.