Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремни врнежи од дожд, на планините слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -2 до 9 степени, а дневната од 5 до 15 степени.

Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура од 11 степени.

Утре ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе се движи од -2 до 3 степени, а дневната во интервал од 6 до 18 степени.

За време на викендот ќе имаме слично време со максимална дневна температура до 19 степени.