Времето денеска ќе биде претежно облачно, во западните делови со услови за слаб локален дожд.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје претежно облачно со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне 19 степени.