Фото: Игор Бансколиев

Времето во Македонија ќе биде облачно со умерени до обилни врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од минус еден до пет степени.

Во Скопје слично време, облачно со повремени врнежи од дожд и снег.  Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до еден степен.

Поради заладувањето, на повеќе места ќе се формира нова позначителна снежна покривка, на планините над 50 сантиметри, а на пониските места од снежна покривка од 10 до 20 сантиметри.