Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места и снег. На планините ќе се формира и снежна покривка.

Минималната температура ќе се движи од минус два до четири степени, а дневната од три до 10 степени.

Во следните два дена ќе биде студено и суво, а нови врнежи претежно од снег ќе има во четврток. Утринските температури ќе се спуштат до минус 10 во среда. Утринската во среда ќе остане под нулата насекаде во Македонија и ќе се движи од минус 10 до минус три степени. Утре минималната ќе биде од минус шест до два степена, во четврток од минус осум до минус еден, во петок од минус пет до два степена и во сабота од минус еден до пет.

Дневната температура утре ќе се движи од нула до седум, во среда од еден до осум, во четврток од нула до шест, во петок од три до осум степени и во сабота од пет до 10 степени.