За време на викендот под влијание на влажни воздушни бранови од Медитеранот, ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд и со засилен јужен ветер, информира УХМР.

Во сабота врнежите ќе бидат претежно во западните делови каде ќе бидат пообилни. Во недела врнежи ќе има насекаде, локално пообилни, а некаде ќе наврнат и над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува силен јужен ветер со брзина над 70 километри на час во форма на невреме.