Владата не денешната седница донесе одлука за отворање посебна наменска сметка за лицата што не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои поради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка од 6.000 денари.

На листата се наоѓаат граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица што вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.