Државниот испитен центар информира дека обврските произлезени од заедничкото решение на Владата на РСМ и Сојузот на средношколци за спроведувањето на државната матура, ќе бидат исполнети во целост од надлежните институции и образовните установи.

Училишните матурски предметни комисии предвидено е да подготват минимум три пати повеќе испитни задачи (без решенија) во согласност со застапеноста и видовите на задачи пропишани во испитната програма по секој соодветен предмет и истите, минимум три седмици пред полагањето јавно да ги објават, стои во писменото известување од оваа институција.

Од таму дообјаснуваат дека од тие испитни задачи потребно е да биде изготвен тестот за интерните испити.

Овие насоки се наведени во известувањето кое ние како надлежна институција за спроведување на полагањето на државната матура го доставивме до сите средни училишта уште на 11.3.2021. Учениците не треба да имаат грижа во тој дел, туку нивниот фокус да биде насочен кон повторување на досега стекнатите знаења со цел успешно заокружување на оваа етапа од воспитно – образовниот процес, се вели во известувањето од Државниот испитен центар