Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид на несекојдневен и атрактивен начин ја најавија Стара нова година и под вода го запалија традиционалниот оган, кај Музејот на вода.

Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнувањето на претстојните празници Богојавленије Водици и Св Јован крстител – денот на рибарите.