Над 100 свадби биле организирани изминатиов викенд откако Владата дозволи да се организираат прослави под посебни протоколи по пауза од 14 месеци, соопшти Независната угостителска комора (НУК).

НУК наведува дека се одржуаат свадби и другите веселби и прослави низ Македонија наспроти, како што истакнуваат многуте нелогичности и пропусти во новите протоколи.

НУК формираше и сопствен регистар за свадби, прослави и веселби кој го става на располагање на сите угостители, како и државни институции, комори и здруженија, за да можат да се исполнат барањата во точка 7 од протоколите за организирање на вакви настани.