Членовите на Независниот синдикат на полицијата денес неколку часа го блокираа со автомобили раскрсниците во центарот на Скопје во знак на револт. Тие побараа покачување на платите и колективен договор за сите вработени. 

Центарот на Скопје беше блокиран со автомобили од страна на вработените во полицијата, од шумската, судската и затворската полиција кои ги повторија нивните барања пред Владата, за покачување на платите за 25 отсто и колективни договори. 

Протестот на полициските службеници започна на раскрсницата пред МТВ, па се упатија пред ССМ и пред Собранието, а протестот продолжи пред МВР. 

Претставниците на независниот синдикат на полицијата велат дека ги доставиле нивните барања до премиерот ЗОран Заев, но не добиле одговор ни од неговиот кабинет, ни од МВР.