Ноќеска почнува зимското сметање на времето со што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад.

Тоа значи дека во три часот по полноќ, стрелките на часовникот треба да се вратат на два часот.

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен.

Европската комисија(ЕК) најави укинување на сезонското поместување на стрелките на часовникот од следната година, откако повеќето жители на ЕУ во анкета се изјаснија дека се против промена на времето.

Преминувањето на летно и зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, главно на северната хемисфера.