Сите дефекти во преносната мрежа што се во делот на АД МЕПСО се отстранети и е нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во неколку град и населени места.

МЕПСО потврди дека причина за прекинот во снабдувањето биле невремето и обилните снежи врнежи, а пренеусва МИА.

– Во југозападниот дел на земјава снабдувањето со електрична енергија е нормализирано откако претпладнево во 11.35 без напон останаа два 110-киловолтни далекувода од Вруток до Шпилје и од Битола до Ресен. Причина за испадот се невремето и обилните снежни врнежи. Наши екипи се на тререн, работат на санирање поситни дефекти кои не влијат на снабдувањето со електрична енергија – велат од МЕПСО.

МЕПСО на терен излегле со над 30 стручни лица и потребна механизација за да ја санираат ситуацијата со далекуводите.