Петре Шилегов и СДСМ на само една година пред локалните избори, во сериозна криза и рецесија во која се наоѓаме како држава во моментов, вработуваат 135 луѓе во Град Скопје по партиски клуч, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– Нови 135 луѓе по насока на штабот на СДСМ ќе се вработат кај Петре Шилегов и годишно овие луѓе, овие 135 вработувања ќе ги чинат граѓаните над еден милион евра. Изминативе година дена над 50.000 луѓе ја загубија својата работа како резултат на неспособноста на СДСМ да се справи со економската криза предизвикана од корона-пандемијата, но затоа Заев и Шилегов вработуваат 135 луѓе по партиски список – рече Арсовски.