Новите членови на Државната изборна комисија дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Нови членови на највисокото изборно тело во државата, кои беа избрани на 12 јануари, се: Александар Даштевски, претседател; Дитмире Шеху – потпретседателка и членови: Борис Кондарко, Оливер Ристовски, Радица Ристеска, Бобан Стојаноски и Кренар Лога.

Даштевски, кој беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека тој е најнепартиски претседател на ДИК затоа што не е член на некој партиски орган, а ниту бил дел од некои партиски активности.

– Може да се каже дека јас сум најнепартиски, ниту сум член во тело на некоја партија, така што тоа е само за изборот. Самиот закон вели дека работите треба да ги правиме стручно и професионално, така што тука завршуваат партиската помош – изјави Даштевски.

Новоизбраните членови на ДИК на своите работни места ќе седнат в понеделник.