Фото: Игор Бансколиев

Новиот систем за осветлување на Попова Шапка ќе биде пуштен во употреба, со што ќе биде најавено отворањето на новата скијачка сезона.

Предвидено е министерот за економија Крешник Бектеши заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и директорот на ЕЛЕМ Турс, Адем Авзиу денеска да го посетат ски-центарот, за да извршат увид во активностите за негова модернизација.