За неколку месеци ќе заврши националната стратегија за деинституционализација 2008–2018, така што Владата на денешната 88-ма седница ја прифати новата Национална стратегија за деинституционализација во Република Македонија за 2018–2027, симболично насловена „Тимјаник“.

Владината прес-служба информира дека новата стратегија за деинституционализација го проширува фокусот и нуди сеопфатен преглед на социјалните услуги во тековниот контекст.

– Стратегијата ги претставува визијата, целите, стратешкиот пристап на Владата и дејствата што треба да се преземат и подобрат при спроведувањето на преминот од институционална грижа кон систем за социјална грижа во семејството и заедницата со поддршка од социјалните служби – наведува службата на Владата за информирање.

Во институции сега се сместени вкупно 2.358 лица.