Вицепремиерот Љупчо Николовски најави системска алатка за следење на парите и капиталот на функционерите. Во однос на тоа како ќе се проверува потеклото на имот, Николовски вели дека тоа ќе биде процес кој ќе потрае.

– Тоа се системски работи којшто се дојдени на ред во оваа држава да ги одработиме во интерес на граѓаните – рече Николовски кој ја извршува функцијата вицепремиер задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси.

Тој најави и редефинирање на Кодексот за етичко однесување на функционерите во Владата.

– Тој ќе стане поприменлив во согласност со компаративните искуства во светот. Ќе важи максимата, нулта толеранција за корупција – истакна Николовски.

Според него, неговата координативна улога која досега ја немаше треба да даде видливи резултати во борбата против корупција

– Не сакам да брзаме, па да направиме грешки, полека, никоја земја не ги остварила овие цели толку бргу – заклучува Николовски.