Целосна дигитализација на водењето на матичните книги најави денеска вицепремиерот Љупчо Николовски.

Граѓаните во иднина нема да чекаат во редови пред шалтерите за да добијат извод од матичните книги на родени, венчани и починати, туку тоа сите тие потврди ќе бидат заменети со само еден извод од Централниот регистар на население.

– Ова ќе се постигне преку измена на десетина соодветни закони во наредниот период – најави Николовски.

Тој освен оваа мерка, презентираше и низа други кои се очекува да ја намалат корупцијата во државава.

– Анализите покажаа дека подигање на нивото на дигитализација и намалувањето на човечкиот фактор имаат улога во намалување на корупцијата – рече Николовски.